За нас

Квазар М е фирма за продажба и дистрибуција на хотелска козметика и додатоци, наменети за сите видови сместувачки капацитети – хотели, мотели, апартмани и приватно сместување.

Нашата цел е да понудиме квалитетна и практична козметика и додатоци по пристапни цени.

Веруваме дека секој објект, без разлика на големината или категоријата, треба да има можност да обезбеди основна и уредна хотелска опрема за своите гости.

Нудиме производи кои се функционални, економични и лесно достапни, со сигурна испорака и коректна соработка.

Се стремиме кон едноставност, професионалност и фер однос со нашите клиенти.